Екс-девојка на Мел Гибсон, Оксана Григориева побара 500.000 долари од него тврдејќи дека Гибсон имал трауматизирачко влијание врз нејзиниот 14-годишен син..
41-годишната музичарка во моментов се обидува да добие огромна сума на пари за старателско порамнување со ѕвездата на “Храбро срце” за нивната двегодишната ќерка Луција.
Двојката се сретна со судијата и медијаторот, одделно минатиот петок, во обид да изнајдат решение.
Веб – страната ТМЗ тврди дека Оксана јасно му ставила до знаење на Мел дека сака прилично голема сума за својот син Александар, чиј биолошки татко е Тимоти Далтон.
Таа тврди дека актерот го трауматизирал нејзиниот син за време на жестоката кавга во јануари, која завршила со насилство.
Оксана тврди дека Гибсон во караницата ја удрил по лицето и и искршил два заба, додека Мел вели дека ја удрил бидејќи таа била надвор од контрола и го загрозувала животот нивното бебе.
Оксана исто така, тврди дека актерот му се обраќал на Александар навредувајќи го со нагрдни зборови, и тој од страв се скрил под креветот.
Во една друга прилика таа тврди дека Гибсон го фрлил син и врз маса, но режисерот – оскаровец ги негираше овие тврдења.