Мртво море

16 август, 20110
mrtvomore

Море на најниската точка на Земјата

“Некој самоубиец, кој избрал смрт со давење“, пишуваше M. I. Ben- gavriel, “не би можел да ја исполни својата намера, бидејќи водата се состои од 25% хлоромагнезиум, хлорокалциум и хлоронатирум, а овие состојки не би дозволувале неговото тело да потоне. Во ова море, ниту една риба не плива, нити една школка може да преживее, сол не може да се растопи“.

Според преданијата од Библијата, некогаш во огромните бранови на “соленото море“ поради страшната бура, потонале два града – Содом и Гомор. Ангелите само двајца жители од градот Гомор ги предупредиле за претстојната несреќа – а тоа биле Loto, синот на Haranmov и потомок на Abraham, како и неговата сопруга. Двајцата можеле да ја избегнат несреќата – сепак, под услов ниту еден од нив додека бега од градот, да не се сврти назад.

Сопругата на Loto, не можела да оддолее и откако се свртила се претворила во столб од сол. Исто така и арапите ја знаат оваа приказна од Куранот. Всушност, кога се зборува за Мртвото море, не зборуваме за море туку за езеро. Неговата водена површина од 980 km2 се наоѓа на 392 m надморска височина, што претставува најниската точка на земјината топка. Единствено значајна река е Јордан, како и неколку помали потоци.

Денес, Мртвото море, на чие што крајбрежје се изградени голем број на модерни хотели, интернационални атракции за странците, истовремено претставува извор на суровина.

Фабриките ја искористуваат високата содржина на сол во водата, а покрај тоа ова историско место добило ново значење во светската размена откако во севернозападното крајбрежје на Кумран биле пронајдени познатите пергаменти од Мртвото море, текстови од Стариот завет и записи од заедницата која некогаш живеела во Кумран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma