Поради експлицитни фотографии, морале да ја променат цела маркетинг кампања

16 август, 20110
katey

Неодамна во јавноста се појавија „скокотливи“ фотографии на вработените во Катеј Пацифик Ерлајнс. Слоганот „Екипа која ќе се потруди да се чувствувате посебно“ бил повлечен од страна на компанијата поради секс-скандалот. На почетокот на август во јавноста се најдоа фотографии на кои се гледа како стјуардеса орално го задоволува пилотот. После таа случка компанијата морала да се збогува од кампањата „Луѓе и услуга“ која се рекламира преку слоганот : „Екипа која ќе се потруди да се чувствувате посебно“.

Времето на објавувањето на сликите не можело да биде полошо за маркетинг кампањата. Слоганот на кампањата би можел да биде погрешно разбран, или исмејуван од страна на гледачите, изјавила портпаролката на Катеј Пацифик Ерлајнс.

После скандалот, директорот Џон Слосар наредил спроведување на истрага и изјавил дека “луѓето на експлицитните слики повеќе не се вработени во Катеј Пацифик Ерлајнс, но не навел дали се избркани или сами си дале отказ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *