Каков (не)среќник! Добил милиони во казино! Ама по грешка! :)))

16 август, 20110
kazino-nesreknik

Бехар Мерлаку (26) од Швајцарија победил во казино во Австрија и освоил 42.949.672,86 евра. Но, директорот на казиното му кажал дека не освоил ништо, бидејќи имало софтверска грешка.

Бехар Мерлаку играл на машина. Одеднаш се запалиле светлата, започнала музиката и машината сигнализирала дека тој освоил 43.949.672,86 евра.

-Тоа беше неверојатно чуство. Мојата сопруга стоеше веднаш до мене, славевме. Низ главата ми помина се што можам да правам со толку пари. Снимив се со мобилниот телефон бидејќи ми делуваше нереално- рече Бехар Мерлаку. Но тогаш се појавил пред мене директорот на казиното и му кажал дека не добил ништо.

-Тој ми кажа дека џекпот на екранот се појавил поради софтверска грешка и дека е технички дефект. Јас почнав да се расправам со него и дојде полиција. Полицајците запишаа се. Одлучив да го тужам казиното, владата нема да дозволи казиното да измами-кажува Бехар Мерлаку. Тој исто вели дека “нервите” му се при крај и дека поради целиот случај не може да спие.

Во казиното велат дека тоа е технички дефект и дека парите нема да ги исплатат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi