Што се може да излечи обична вода?

popara16 август, 20111min00
voda

Секој дел од нашето тело, има помал или поголем процент на вода. Водата преставува вистински еликсир за живот. Таа е потребна за голем број на функции кои се одвиваат во нашиот организам, варење на храната, метаболизмот, апсорпција и пренос на хранливите материи низ организмот, одржување на телесната температура и други илјадници функции.

Експертите препорачуваат, наутро прво што треба да направите е да испиете една чаша вода, не премногу ладна. Во текот на денот пола саат пред секој оброк по 2 чаши вода, и на тој начин се олеснува варењето на храната се намалува апетитот, телото се хидратизира. Најмалку час и половина после оброкот не би требало да се пие течност, оставете го желудникот на мир да си ја изврши својата функција.

Имајте на ум дека кај децата чувството за жед не е доволно развиено истото се случува кај постарите луѓе кои го губат чувството за жед. Одвикнувајте ги децата од газирани и засладени пијалаци со вештачки бои и ароми. Се препорачува на децата да им се даваат свежо цедени сокови.

Многу истражувања даваат исти резултати кога водата е во прашање. Нивната краен заклучок е дека водата преставува еликсир за живот. Сите препорачуваат да не се дозволи дехидрација на организмот бидејќи тоа преставува основна причина за добивање болести како што се мигрената, реумата, високиот притисок, астма и најразлични алергии.

Не чекајте да ожедните, испијте чаша вода веднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag