Ќе стане уште пооштетена ако не го правите ова: Еве како се одржува косата во зима

popara14 јануари, 20251min00
110324_frizura-shutterstock-2427963797_f

Во текот на зимските месеци, косата е особено подложна на оштетување поради ниските температури и временските услови. Честото обликување на косата со уреди за сушење може дополнително да ја влоши состојбата.

Пред да користите фен, пегла или фигаро за виткање, задолжително нанесете производи за заштита од топлина, како спреј, крем или серум. Овие производи создаваат заштитен слој околу косата, намалувајќи ги штетните ефекти од високите температури.

Исто така, важно е да користите уреди на пониски температури: за тенка и оштетена коса се препорачува до 180°C, додека за густа и поздрава коса може да достигне до 200°C. Фен треба да се користи на средна температура, а сушењето да се заврши со ладен воздух за да се затворат кутикулите.

За да ја обновите косата, редовно користете хидратантни маски и регенератори, како и природни масла како арган, кокос или бадем. Нанесете длабока маска еднаш неделно и оставете да делува најмалку 30 минути.

За чешлање користете четки со природни влакна кои помалку ја оштетуваат косата и помагаат во дистрибуцијата на природните масла. Нежно чешлајте ја косата, почнувајќи од врвовите, за да спречите кршење.