
Потребно е:
200 гр мелени бисквити
70 гр стопен путер
За полнење:
450 гр крем сирење
250 гр слатка павлака
170 гр кокосово брашно
150 гр шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Во сад измешајте ги мелените бисквити со растопениот путер за да добиете компактна смеса. Префрлете ги во калапот и рамномерно распоредете. Посебно изматете ја слатката павлака. Во посебен сад измешајте го крем сирењето со шеќерот во прав и екстрактот од ванила, па сè убаво измешајте. Рачно соединете ја смесата од шлаг и сирење, па на крајот додајте го кокосовото брашно. Повторно измешајте за да добиете компактна смеса. Филот рамномерно распоредете го врз кората и измазнете го, па оставете го во фрижидер најмалку 3 часа да се излади и стегне. Чизкејкот посипете го со кокос. Добар апетит!