
Многу едноставна процедура која ќе ги задржи вашите стапала суви.
Секој чевел ќе стане водоотпорен и нема да протекува со пчелин восок, но ако го немате, обичната свеќа ќе го направи тоа. Постапката е многу едноставна.
Чевлите тријте ги со свеќа додека не остане бел слој врз нив. Потоа растопете го со фен поставен на највисока температура. Конечно, почекајте неколку моменти и чевлите ќе бидат спремни за одење на дожд или снег.
Восокот ќе ги заштити од вода кожните чевли, чевлите од велур, па дури и платнените патики.