Палатата објави нова фотографија од кралот Чарлс: Во ова издание не го гледаме често

popara26 јануари, 20251min00
BRITAIN-ROYALS-EASTER

Бакингемската палата објави нова фотографија од кралот Чарлс и килтот со тартан кој го носи неговото име, по повод раѓањето на националниот поет на Шкотска, Роберт Барнс.

Burn’s Night е името на традиционалната годишна прослава на раѓањето на Барнс во 1759 година. Шкотскиот поет починал во 1796 година.

На фотографијата направена минатата есен, 76-годишниот крал е овековечен во библиотеката на замокот Балморал, летното одморалиште на кралското семејство во шкотските висорамнини.

Монархот носи килт направен од тартан на кралот Чарлс III, дизајниран од шкотската управа за тартан, шкотска волнена ткаенина со шаблон, во мај 2023 година, заедно со вратоврска во соодветните бои.

Палатата откри во февруари 2024 година дека на Чарлс, кој стана британски крал во 2022 година, му бил дијагностициран рак, откриен како дел од тестовите извршени по операцијата за зголемена простата.

Неговото лекување добро напредува, а терапијата ќе продолжи оваа година, изјави извор од палатата кон крајот на минатата година.