Го нормализира шеќерот, го чува срцето и ги чисти цревата: Доручек кој е ефтин, а неверојатно здрав

popara26 јануари, 20251min00
1737708032-food-2569257_1280-750x500

Сте слушнале многу пати дека овесната каша е еден од најздравите појадоци во светот, но има финта!

Овесната каша купена во продавница или преработена не е најдобриот избор. Здраво е само ако купите полна овесна каша, ја сомелете и од неа направите оброк. По желба можете да додадете и овошје и јаткасти плодови.

Вклучувањето на овесот во вашата исхрана може да помогне да се одржи здрава тежина, да се регулира крвниот притисок, шеќерот во крвта и да се подобри варењето.

Неговата употреба датира одамна во историјата, со докази кои покажуваат дека бил припитомен и одгледуван уште во бронзеното доба, околу три илјади години пред Христа, во денешна Швајцарија. Овие рани траги од овесот како одгледувано растение ја покажуваат неговата важност низ историјата во исхраната на европските народи, каде што често бил главен извор на енергија и хранливи материи.

Тој е добар извор на витамини од Б комплексот, првенствено витамини Б1 (тиамин), Б5 (пантотенска киселина), Б6 (пиридоксин) и фолна киселина. Меѓу другите витамини содржи витамин Е и витамин К.