Кендрик Ламар не е платен за настапот на полувремето на Супер Боул: Знаете ли зошто?

popara10 февруари, 20251min00
b_250210028

Раперот Кендрик Ламар настапи на полувремето од Суперболот, а за неговиот настап нема да биде платен.

Причината е едноставна, никој никогаш не бил платен за својот настап на Супер Боул.

„Полувремето на Супер Боул е нешто што е голема желба и сон за многу изведувачи. Некои од изведувачите не ја гледаат таа изведба како израз на политичка позиција и не ја сметаат таа изведба за место за културен натпревар, туку на нивните настапи гледаат можност да се забавуваат милиони луѓе и да ја споделат својата музика и талент со нив“, изјави за Форбс адвокатката Лори Ландју.

Никој никогаш не добива плата за да настапи на Супер Боул. Меѓутоа, во еден момент, НФЛ сакаше да им наплати на изведувачите за настап. Во 2015 година, НФЛ побара од уметниците, вклучувајќи ги Ријана, Колдплеј и Кети Пери, да платат за шансата да настапат на големата сцена. Сепак, на крајот тие одбија.

Раперот Кендрик Ламар е првиот хип-хоп музичар кој настапи соло на Супер Боул. Последен пат настапи на Суперболот во 2022 година, придружувајќи им се на другите хип-хоп легенди од Лос Анџелес, вклучувајќи ги Снуп Дог, Др. Дре и Мери Џеј Блајџ на сцената за кратка изведба на нивната хит песна „Alright“.