КРЕМ СУПА ОД МОРКОВИ: Го закрепнува организмот, совршена за студените февруарски денови

popara23 февруари, 20251min00
114630_shutterstock-174308210-2_f

Потребно е:

800 гр моркови
половина мал корен од целер
2 чешниња лук
1 лимон
1 ловоров лист
1 лажичка зачини за сушени билки
маслиново масло
2 лажици балсамико оцет
сол
бибер

Подготовка:

Измијте ги, исчистете ги и исечете ги морковите на парчиња. Излупете ги и исечкајте ги чешнињата лук и целерот. Измијте го лимонот и изрендајте ја кората. Додадете 4 лажици маслиново масло во тенџерето и зеленчукот и ставете го на шпорет. Се динста на умерен оган со постојано мешање. Додадете сол и ловоров лист. Зачинете со суви билни зачини. Прелијте со 1,5 l зовриена вода. Добро измешајте, покријте и варете околу половина час. Отстранете го ловоровиот лист. Префрлете го во блендер и убаво измешајте. Додадете оцет. Украсете ја манџата со сечкани моркови. Добар апетит!