
Црна боја, спој на класична елеганција и нови трендови, едноставен и интересен во исто време, овој фустан е нешто што лесно можеме да го замислиме да го носи славната Моника.
Моника Белучи и Винсент Касел се меѓу најпознатите имиња на европскиот филм, а нивната постара ќерка Дева Касел, иако кариерата ја започна како модел, полека ги следи нивните стапки.
20-годишната убавица веќе се проба во актерството, а нејзиниот нов проект е мини-серијата „Леопард“ на Нетфликс, во која Дева игра во една епизода, но тоа не ја спречи да биде најзабележлива на премиерата во родниот Рим.
На премиерата на серијата за животот на аристократите на Сицилија во 19 век, Дева пристигнала стилизирана според очекувањата – елегантна и луксузна, а се појавила во комбинација од која нејзината славна мајка сигурно била воодушевена.Изборот на Дева беше вечерен фустан на француската модна куќа Dior, чиј амбасадор е од минатата година, необичен модел кој изгледа како комбинација од сако и макси здолниште.

Горниот дел од нејзиниот аутфит се состои од вграден црн блејзер со светкави и тенки долги ревери, а под него има луксузно здолниште во форма на ѕвонче кое допира до подот, полно со волумен бидејќи е направено од слоеви тул.
На овој начин Дева покажа дека е инспирирана од нејзината серија, но и даде многу модерен пресврт благодарение на шик горниот дел.

На црвениот тепих прошета со своето момче Саул Нани, кој исто така глуми во споменатата серија.
Кариерата на ќерката на Моника Белучи
Ќерката на Моника Белучи е бренд амбасадор на “Dolce & Gabbana” од 2021 година, со која соработува и денес, а истата година за прв пат се појави на насловната страница на италијанското издание на магазинот „Vogue“ со својата позната мајка. Таа е и заштитно лице на куќата за накит”Cartier”,, а како актерка веќе ја видовме во улогата на Амелија во италијанската драма „Убаво лето“.
View this post on Instagram
Таа го „позајми“ гласот на ликот на Смор во анимираниот филм „Во мојата глава 2“, во италијанската синхронизација, а оваа година ќе ја видиме и како Богородица во филмот „Витлеем“.