Ќерката на Деми Мур позираше во МИНИЈАТУРНО БИКИНИ кое нејзината мајка го носела пред 30 години

popara7 март, 20251min00
b_250307152

Актерката Румер Вилис ги збуни обожавателите објавувајќи нови фотографии во бикини кои нејзината мајка Деми Мур ги носеше во култниот филм Striptease од 1996 година.

Во тој филм, Деми го толкуваше ликот на Ерин Грант, додека Румер, која тогаш имаше само седум години, ја играше нејзината ќерка Анџела.

Сега веќе порасната, Румер реши повторно да ги облече златните блескави бикини кои Деми ги носеше во филмот и ги комбинираше со очила за сонце и црни потпетици. На фотографиите кои ги сподели актерката изгледа како да е без шминка, што дополнително ја истакнува нејзината природна убавина.

Филмот Стриптиз беше многу контроверзен во своето време, а минатата година Деми Мур ги сподели своите чувства за една од сцените во филмот, каде што снимаше топлес.

“Една од најголемите заблуди за мене е дека го сакав своето тело. Во реалноста, најмногу одбирав проекти кои ми помогнаа да ги надминам несигурностите за мојот изглед”, признала Деми.

Додала и дека отсекогаш била фасцинирана од „провокативни работи“, но не на сексуален начин, туку од оние кои предизвикуваат подлабоки и позначајни мисли.