Истражувањата покажуваат дека правењето редовни паузи може да ја подобри среќата, продуктивноста, па дури и здравјето.
Не е важно колку долго си отсутен, туку колку често си го овозможуваш толку потребното бегство од секојдневието.
Кратките, но добро испланирани патувања можат да ве освежат и да ве наполнат со енергија за нови предизвици.
Идеалната должина на одмор зависи од многу фактори, вклучувајќи го вашиот животен стил, видот на работа и личните преференци. Сепак, истражувањата покажуваат дека постои оптимално времетраење кое носи максимална корист за телото и умот.
Краток одмор (3-4 дена)
Доколку немате време за долго патување, дури и краток одмор може да има позитивен ефект. Викенд патувањата или неколкудневното бегство ви помагаат да го ослободите стресот и да ја освежите енергијата. Клучот е добрата организација – изберете дестинации кои не се премногу далеку за да го искористите најдоброто од вашето време.
Среден долг одмор (7-10 дена)
Многу експерти веруваат дека ова е идеална должина на одмор. Всушност, точно осум дена. Во текот на првите неколку дена, телото се прилагодува на промената на средината, а дури потоа го чувствувате вистинскиот ефект на релаксација. Овој период е доволен целосно да се исклучите од секојдневието, да ги наполните батериите и да се вратите мотивирани.
Долг одмор (14 дена или повеќе)
Ако имате можност да земете подолг одмор, можете целосно да го забавите темпото и подлабоко да се опуштите. Сепак, некои луѓе по две недели почнуваат да чувствуваат досадa или вознемирени за работата што ги чека. Исто така, истражувањата покажуваат дека ефектот на одмор не трае бесконечно – по неколку недели нивото на стрес може повторно да почне да расте.
Најдобриот одмор не е нужно најдолгиот, туку оној кој ви овозможува да се чувствувате освежени и мотивирани. Наместо да се потпрете на еден голем годишен одмор, обидете се да планирате неколку пократки одмори во текот на годината. На тој начин ќе имате повеќе можности да се ресетирате и да го подобрите квалитетот на животот.