Како да отстраните дамки од маснотии од седиштата во автомобилот? Одлични трикови што треба да ги знаете

popara22 октомври, 20251min00
f9f395a17b91586cf70008638240fb2705417129

Автомобилските седишта се изработени од исклучително цврсти ткаенини кои можат да издржат тешки товари. Секако, тие не се неуништливи, а уште помалку отпорни на остатоци од храна, маснотии и дамки.

Редовното чистење на автомобилските седишта е неопходно за да се спречи тие да станат место за размножување на бактерии, особено во летниот период кога седиштата ја апсорбираат потта на возачот и неговите патници.

Постојат неколку ефикасни трикови за тоа како брзо и темелно да ги исчистите автомобилските седишта.

Правилното и темелно чистење на ентериерот на автомобилот е многу важно од хигиенски причини. Вашиот автомобил ќе изгледа подобро, ќе мириса посвежо, а возачот и патниците ќе бидат заштитени од бактерии. Дамките, особено маснотиите, генерално се тешки за чистење, особено од ткаенините. За да ги отстраните дамките од маснотии, направете ја следната смеса.

Состојки:

3 лажици сода бикарбона
малку оцет

Употреба:

Измешајте ги овие две состојки за да добиете мазна паста и добро втријте ја смесата со стара четка за заби на масната дамка на седиштето на автомобилот. Оставете добро да се впие, а потоа усисајте ја исушената паста. Нема да остане никаква трага од дамката.

Пента за бричење може да се користи и за чистење на автомобилски седишта. Доволно е да ја нанесете пената на валкани или мрсни места, да почекате две минути, а потоа да ја избришете целата површина со сува крпа.

Алкохолниот оцет во комбинација со вода и малку детергент за миење садови е ефикасно средство за отстранување на мрсни дамки од автомобилските седишта. Измешајте ги сите состојки и добро натопете ја крпата, потоа истријте ги валканите места, а потоа избришете сè со крпа навлажнета со чиста вода.

Ако дамката не се отстрани, повторете ја постапката. Не грижете се за мирисот на оцет, брзо ќе се измие. Можете исто така да користите сок од лимон наместо оцет.