
Веѓите ја преземаат главната улога на лицето и го одвлекуваат вниманието од сè друго.Лошо средените веѓи наместо да го врамуваат изгледот, тие го засенуваат,лицето потоа ја губи својата свежина, а цртите на лицето изгледаат построги отколку што се всушност.
Веѓите се првата рамка на лицето и детаљ што може целосно да го промени впечатокот што го оставаме. Тие ги нагласуваат очите, го дефинираат изразот и му даваат карактер на лицето. Затоа секоја грешка во веѓите станува веднаш видлива, а една особено се повторува често, сериозно расипувајќи го изгледот на многу жени.
Станува збор за веѓи кои се премногу темни, пренагласени и не одговараат на тенот, бојата на косата или природните црти на лицето. За да ги направат веѓите „видливи“ и трајни, луѓето често посегнуваат по нијанса која е неколку нијанси потемна од нивната природна боја. Резултатот не се експресивни очи, туку тежок и тврд израз на лицето кој делува вештачки, дури и агресивно.
Ваквите веѓи ја преземаат главната улога на лицето и го одвлекуваат вниманието од сè друго. Наместо да го врамат погледот, тие го засенуваат. Лицето потоа ја губи својата свежина, а цртите на лицето изгледаат построги отколку што се. Тие се особено забележливи на дневна светлина, каде што разликата помеѓу природната боја на влакната и производот што се користи за исцртување на веѓите е јасно видлива.
Проблемот е што оваа грешка често не се забележува во огледалото дома, но е многу видлива за другите. Многу жени не се свесни дека темните веѓи можат да додадат години на нивниот изглед, да го направат лицето да изгледа уморно или да создадат впечаток дека шминката е „премногу силна“, дури и кога остатокот од лицето е многу суптилно нашминкано.
Природните веѓи никогаш не изгледаат како нацртани линии или посебен елемент на лицето. Кога се во вистинската нијанса, тие се вклопуваат во лицето и изгледаат ненаметливо, но ефективно. Токму во оваа ненаметливост лежи тајната на добриот изглед.
Помалку темните, помеки веѓи речиси секогаш изгледаат подобро од премногу нагласените.
Кога бојата не „отскокнува“, лицето изгледа похармонично, погледот поотворен, а целиот впечаток поприроден. И затоа е важно да се запомни: ако веѓите се гледаат пред очите, нешто не е во ред.