Маја Шупут-“Единствено нешто што знам да зготвам за мојот дечко е суши. Таа и нејзиниот дечко Марио сакаат да уживаат во убавата храна бидејки и двајцата се вистински гурмани. Омилената храна им е суши бидејки тоа е и единственото што Маја знае да го подготви. На море уживаат во морската храна.
“Ова е мојот прв слободен ден во текот на летото. Секој ден бев некаде ангажирана па решив да се одморам малку во Зрче. Секое лето доаѓам во клубот Папаја вклучувајќи го и ова”, вели Маја Шупут( 31) Пејачката пристигна во Новаља со јахтата на нејзиното момче Марио Ковачевиќ (39).
“Овде е секогаш забавно и интересно. Марио и јас сакаме да имаме активно лето. Иако сите мислат дека сум јас жива и енергична, Марио има многу повеке енергија за журкање од мене.”
“Мислам дека сме ние најактивниот пар на светот”- вели Маја. Таа додава дека од момемнтот кога се запознале ни еднаш не се случило да се досадуваат. Хоби им е уживање во храната.
“Само јадеме. Уживаме во морските специјалитети и омилено ни е суши. Тоа е единственото што знам да го направам. Иначе не готвам но Марио ужива во моето суши.”-додаде Маја која на 22 септември ќе го прослави својот 32 ри роденден.
“Јас не се плашам од годините. Ќе организирам голема забава со својот бенд и ромски оркестар . Секоја година е лом” – се пофали Маја. За две недели се враќа во Загреб за снимањето на спот за новиот хит “Неумна ”
“ Тоа ке биде досега нешто невидено, онака како што само јас знам да направам..” се смее Маја. Таа не сакаше да ни го открие сценариото за спотот.