
Оваа нијанса наскоро ќе ги преплави улиците.
Се сеќавате на сцената во која Миранда Пристли (Мерил Стрип) со застрашувачка смиреност го анализира наводно „обичниот“ син џемпер на Андреа Сакс (Ан Хатавеј) во филмот „Ѓаволот носи Прада“?

Дваесет години подоцна, оваа воопшто не невина нијанса се издвојува како вистинска хроматска сензација за сезоната пролет/лето 2026, пишува Vogue France.
Небесно сина – хроматската брилијантност на пролетта
Не е ниту сеприсутната морнарско сина ниту летната тиркизна, туку небесно сина – чиста и сјајна, речиси небесна нијанса што го евоцира азурот на ведрото небо.

Тоа е суптилна боја некогаш славена од импресионистички сликари како Клод Моне, користејќи ја за да ја долови светлината и атмосферските вибрации.

Оваа сезона, дизајнерите и модните куќи внесоа посебен дух во неа, па небесно сината боја облагородува палто со висока јака кај Tory Burch, сет кај Fendi, се носи во колор-блок верзија на пистата на Versace, а краси и јакна инспирирана од естетиката на спортската облека кај брендот Loewe.

И дали оваа нијанса наскоро ќе ги преплави улиците за време на Неделата на модата во Париз, а потоа ќе се прошири? Многу веројатно.
И многумина едвај чекаат бидејќи оваа боја лесно и едноставно освежува секој стил, и изгледа и модерно и елегантно и носливо.