
Иако повеќето луѓе ги ставаат чашите наопаку кога мијат садови за да се исцедат, ова е, како што објаснуваат експертите, сосема погрешно, бидејќи го оштетува квалитетот и цврстината на чашите.
Од научна страна, објаснувањето за ова е:
„Работ на чашата е најкршливиот дел. Кога ќе ја ставите наопаку, таа ја носи тежината на целата чаша“, се објаснува во видеото, додавајќи дека тоа значи дека со текот на времето веројатноста за кршење на чашата ќе се зголеми.
Оваа теза ја потврди и друг експерт, Кеј Вагнер, за The Sun.
„Некои чаши за пиење имаат многу деликатен раб кој не е дизајниран да ја издржи целата тежина на чашата“, предупреди таа.
„Ако е тоа случај, не ги ставајте чашите наопаку, бидејќи тоа ќе доведе до прекумерен притисок врз работ и на крајот чашите може да се скршат.“
Сепак, експертите се свесни дека овој начин на складирање на чашите по миењето се користи за да се спречи наталожување прашина во чашите.