
Ќе ви треба:
100 г босилек
100 мл маслиново масло
50 г печени семки
3 лажици рендан пармезан
1 лажичка сок од лимон
Подготовка:
Измијте го и исушете го босилекот. Отстранете ги стеблата и исечете го на ленти. Изблендирајте ги семките и ставете го во сад. Потоа изблендирајте го босилекот, додадете го маслото, пармезанот, сокот од лимон, пармезанот, семките и кратко изблендирајте. Додадете повеќе масло доколку е потребно за да ја добиете саканата густина. Истурете го сосот во тегла и чувајте го во фрижидер.