Комитетот за заштита на новинари, со седиште во САД, денеска изрази голема загриженост за американската новинарка Лара Логан, од телевизијата СИ-БИ-ЕС, откако таа минатата недела беше физички нападната и сексуално злоставувана во Каиро од каде ги пренесувала демонстрациите кои моментно се случуваат. Таа и нејзината телевизиска екипа, биле нападнати од страна на 200 демонстранти и била земена, по што била брутално сексуално злоставувана. Успеале да ја спасат група од жени и околу 20 египетски војници. Моментно таа се наоѓа во американска болница кде се опоравува. Комитетот за заштита на новинарите изјави дека има докази за уште околу 140 напади врз новинари и медиумски објекти од почетокот на протестите во Египет, јави Гласот на Америка.