
Што ви е потребно за да обоите јајца со ориз?
Ако ви е здодевно класичното боење јајца, пробајте го овој едноставен метод со ориз кој создава прекрасни и шарени ефекти. Процесот е лесен, но очекувајте малку неред – затоа е идеален и за забава на деца.
Ќе ви требаат варени јајца, ориз, прехранбена боја, оцет и пластични кеси или пластични чаши. Истурете го оризот во кеса, додадете ја бојата и неколку капки оцет, ставете го јајцето и нежно валајте го додека не го добие посакуваниот дезен.
Конечно, оставете ги јајцата да се исушат и ќе имате уникатни, шарени дезени кои изгледаат како вистинско мало уметничко дело.