Меган Маркл на работ на анорексија? Нозе како грисина ги шокираа сите (ФОТО)

popara17 април, 20262min00
Меган Маркл

Меган Маркл и принцот Хари моментално се во повеќедневна посета на Австралија, каде што учествуваат во активности посветени на подигање на свеста за менталното здравје, поддршка на воените ветерани и промоција на спортот. Војвотката од Сасекс привлече внимание со своите јавни појавувања, но и со губењето на тежината. Откако Меган облече мини фустан, целиот свет беше шокиран кога ги виде нејзините екстремно тенки нозе. Поради ова, многумина мислат дека таа е на работ на анорексија бидејќи Меган никогаш не била послаба.

Јавноста сè повеќе коментира дека Меган денес има многу подобар стил отколку во претходните години, и пред и за време на врската со принцот Хари, а во споредба со почетоците на нејзината актерска кариера.

Фустанот од австралискиот бренд „Friends with Frank“ привлече особено внимание, како и луксузните модни додатоци што ги носеше со него.

Нејзиниот аутфит беше надополнет со чевли од „Manolo Blahnik“ и најлонски хулахопки од „Wolford“, што беше особено забележливо во британските медиуми, бидејќи претходно изјави дека носењето хулахопки за време на нејзиниот живот во британското кралско семејство е непријатно и наметнато од правилата на протоколот.

Меган ја заокружи комбинацијата и со скап накит, вклучувајќи нараквица од „Cartier“ и прстени со астролошки симболи кои, како што е наведено, имаат лично значење поврзано со хороскопските знаци на неа и Хари, како и знаците на нивните деца.

Подоцна во текот на денот, таа се појави во полежерна верзија, облечена во маица со натпис мама, фармерки со широки ногавици, палто и патики од познати брендови. Нејзините модни избори повторно привлекоа голем интерес од јавноста и медиумите.