
Раните знаци на срцев удар може да се појават неколку недели однапред, па затоа е важно да ги препознаете навреме.
Во околу 50% од случаите, раните симптоми може да се појават пред срцев удар кои не треба да се игнорираат, бидејќи навремената реакција и посетата на лекар можат да спасат живот.
Овие знаци честопати не се многу изразени, па луѓето лесно ги игнорираат или го одложуваат одењето на лекар со надеж дека ќе поминат сами по себе, што троши драгоцено време.
Кај некои луѓе, симптомите може да се појават многу порано, дури и еден месец пред самиот срцев удар, но ова варира од личност до личност.
Најчестите рани симптоми вклучуваат:
- повремена болка во градите со благ интензитет
- болка во вратот, рамото, вилицата
- потење без причина
- гадење и повраќање
- чувство на слабост и вртоглавица
- отежнато дишење
- екстремна анксиозност
- конфузија
- Срцевите удари се предмет на истражување од водечки експерти многу долго и многу интензивно. Анализирано е толку детално што постојат некои заклучоци дека може да се направи разлика помеѓу симптомите кои се поизразени кај мажите и оние кај жените, пишува Пулс кардиолог центар.