Брза торта со бисквити за мрзливи домаќинки: Изгледа спектакуларно и не бара никаков напор

popara15 мај, 20261min00
Брза торта со бисквити

Ќе ви требаат:
300 г бисквити
200 г темно чоколадо
200 мл павлака за готвење
100 г путер
100 г шеќер
50 г сечкани бадеми
свежа нане
Подготовка:
Загрејте го путерот, шеќерот и павлаката за готвење, потоа додадете го сечканото темно чоколадо. Добро промешајте додека смесата не стане мазна. Потоа тргнете од оган и оставете да се олади. Потопете ги бисквитите во млака вода, а потоа наредете ги во калапот. Премачкајте малку од чоколадниот крем врз бисквитите и повторете ја постапката додека да го потрошите чоколадниот крем. На крај,декорирајте ја тортата со сечкани бадеми и свежи листови нане.