Кинеските научници го објавија своето откритие кое сметаат дека ќе помогне во смалување на тежината.
Сакате да смалите некој килограм, меѓутоа не можете да се откажете од храната? Епа еве ви како тоа да го направите најбезболно и да ослабете некој килограм.
Новата препорака од кинеските научници вели дека, секој залак да се џвака околу 40 пати пред да се голтне.
Кинеските научници ова откритие го презентирале во престижниот “American Journal of Clinical Nutrition”. На начинот на кој тие предлагаат да се јаде храната ќе се добијат саканите ефекти. Имено ќе изедете помалку храна, а во исто време и храната ќе биде подобро обработена и на тој начин нема да го раздразнувате желудникот. Значи дека и нашите баби и мајки биле во право кога ни кажувале подолго време да ја џвакаме храната пред да ја голтнеме, но тоа предупредување беше од стравот да не се згушиме.
Во истражувањето на Медицинскиот факултет “Harbin” учествуваа 30 млади мажи, од кои 16 биле дебели. Додека појадувале биле снимани со камера како јадат и колку ја џвакаат храната. Сите добивале исто количество на храна, но можеле да побараат и дополнително доколку не се најадат.
Иако добивале иста количество на храна, дебелите мажи барале дополнителна порција. Камерите забележале дека тие не ја џвакаат храната доволно пред да ја голтнат. Истите биле замолени храната да ја џвакаат 40 пати пред да ја голтнат. Резултатите биле зачудувачки. Откако ја џвакале храната подолго време се забележало дека за скоро 12 % се намалило количеството на храна и внесените калории, а во ист момент се намалил и процентот на нивото на хормони кои го поттикнуваат гладот.