
Преслаткиот златен ретривер по име Реми стана интернет сензација откако видеото на кое се бања стана вирално.
Додека повеќето кучиња не се премногу среќни кога е време за бањање, Реми имал сосема спротивна реакција. За време на третманот, тој бил толку опуштен што изгледал како да ќе заспие во кадата во секој момент.
Виралното видео ја прикажува фризерката Бриџит како внимателно го шампонира и плакне, додека тој лежи неподвижен и ужива. Тој е толку мирен што таа морала да ги помести неговите шепи и да го сврти за да ја заврши работата, бидејќи кучето едвај се движело.
Видеото привлече речиси два милиони прегледи, а коментарите од корисниците беа полни со шеги и сочувство.
Многумина се шегуваа дека и самите би сакале ваков спа третман, додека други го нарекоа Реми „разгален крал“.
Поради неговата неверојатна смиреност, некои следбеници се прашуваа дали можеби е под дејство на седативи. Сепак, Бриџит подоцна објасни дека нема потреба од ова, бидејќи Реми е едноставно исклучително мрзлив и обожава да биде средуван.
Таа додаде дека го негува две и пол години и дека никогаш не користел седативи.
Негувателката откри и дека на почетокот не било така. Кога првпат дошол на бањање, бил нервозен и несигурен. Сепак, таа забележала дека веднаш се опуштил штом легнал во кадата, па му дозволила да остане во таа положба.
Со текот на времето, тоа станало негова рутина, а денес за време на секој третман лежи целосно опуштен и не покажува желба да стане.