
Пресладок златен ретривер стана вирална сензација откако на Инстаграм беше објавено видео на кое се гледа неговата неочекувана и трогателна реакција на сцена од неговиот дом.
Во видеото, неговата сопственичка му покажува на кучето врамени фотографии што ги закачила на ѕидот од бањата, а на кои се наоѓа тој.
Ретиверот седи пред ѕидот, мавта со опашката и со големо внимание ги гледа своите портрети, следејќи го погледот на својата сопственичка додека таа му ја покажува секоја слика. Во еден момент, тој дури се обидува да се приближи до фотографиите за подобро да ги погледне, дополнително нагласувајќи ја својата љубопитност и возбуда.
Неговата реакција ги воодушеви гледачите, кои ја опишаа во коментарите како една од најслатките што некогаш ги виделе. Многумина се пошегуваа дека кучето треба да посети уметничка галерија, додека други истакнаа дека изгледа како всушност да сфатил дека ги гледа своите слики и дека е навистина воодушевен од нив.