
Рецепт против флеки и сив тен.
Темните дамки на лицето, пегите и нееднаквиот тен се чест проблем за многу жени. Наместо скапа козметика и третмани, можете да го најдете решението во вашата кујна. Природен лосион направен од магдонос и лимон може да ви помогне вашата кожа да стане почиста, посветла и посјајна.
Зошто магдоносот и лимонот се добри за вашата кожа
Магдоносот е богат со витамини и минерали кои помагаат во регенерацијата на кожата и нејзиниот природен сјај. Има смирувачко дејство, го намалува црвенилото, отокот и иритацијата, а може да помогне и кај акните и фините брчки.
Лимонот е природно белило кое помага во отстранувањето на темните дамки и осветлувањето на тенот. Неговата комбинација со магдонос создава моќен природен лосион за нега на лицето.
Рецепт за лосион од магдонос и лимон
Состојки:
2 лажици ситно сечкан свеж магдонос
1 лажичка сок од лимон
200 мл вода
Подготовка:
Ставете го магдоносот во врела вода и варете го на тивок оган околу 15 минути. Потоа оставете го да се олади, процедете и додадете го сокот од лимон. Добиениот лосион за лице истурете го во чисто шише и чувајте го во фрижидер.
Лосионот најдобро е да се употреби во рок од пет дена, по што се препорачува да се направи нова серија.
Како да се користи природниот лосион за лице
Нанесете го лосионот на чисто лице наутро и навечер. Важно е да се избегнува пределот околу очите, бидејќи лимонот може да предизвика чувство на печење.
Со редовна употреба, по само еден месец можете да забележите видливо почиста кожа, рамномерен тен и намалување на темните дамки.