
Канцеларијата на мртовечникот објави дека СИДА-та е причина за смртта на американската актерка и ѕвезда на хорор филмови, Дејви Чејс. Таа беше пронајдена мртва на улица во Лос Анџелес на 17 јуни. Имаше 35 години.
Секундарната причина за смртта беше хронична злоупотреба на полисупстанции, што значи дека користела повеќе од еден вид дрога истовремено или во краток временски период.
Нејзиниот сопруг, Џон Дејвид Швалиер, изјави за „Њујорк тајмс“ дека таа се борела со зависност од дрога и била бездомник од 13-годишна возраст. Тие биле отуѓени многу години.
Таа беше хоспитализирана пред неколку недели поради неухранетост. Додека беше во болница, нејзината состојба се влоши.
Дијагностициран ѝ беше бактериски менингитис, плус неколку тешки инфекции на крвта. Во тоа време, ѝ беше кажано и дека има СИДА, а лекарите ѝ рекоа дека не ѝ останува долго да живее.
За потсетување, нејзиниот долгогодишен менаџер Џон Рајан изјави за „Њујорк пост“ дека со месеци ја барал Дејви заедно со нејзината полусестра Гаја Браун со помош на приватен истражител пред да дознаат за видеото кон крајот на 2025 година.
Тој рече дека успеал да ја добие Дејви по телефон за да може да ја спаси и да ја однесе на лекување, но актерката повторно „исчезнала“ додека тој стигнал до Скид Роу.