Кара Делевин позира без долна облека: Никогаш не сум се чувствувала поудобно во своето тело

popara15 јули, 20262min00
b_260714152

Американската манекенка Кара Делевин позираше без долна облека за насловната страница на новиот број на списанието „Playboy“, а со својот атрактивен изглед предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Носеше само црн латекс корсет од брендот „Atsuko Kudo“, кој чини речиси 2.000 долари. Интимните делови ги покри со раката. Таа е првата лезбејка што се појави на насловната страница на „Playboy“.

Во интервју за Отеса Мошфег, таа зборуваше за трезвеноста, заљубувањето и голотијата. За ова снимање, таа соработувала со тим кој бил составен претежно од жени. Како што изјави, на овој начин „ја презела контролата“ врз сопственото тело и го прифатила својот изглед.

„Секако, „Playboy“ е во голема мера хетеросексуална „институција“. Па така, се чувствуваше малку како чин на пркос и бунт, а имањето неверојатен креативен тим предводен од жени, од кои многу се квир, беше навистина забавно и различно“, рече Кара Делевин.

Фотографирана е од Зои Гросман, а стилизирана од Лана Џеј Лаки. Меѓу другото, таа позираше и со налепници на градите.

„Сум се соблекла гола и претходно на снимања и во филмови. Но, секогаш се чувствував малку одвратно кога е за некој друг. Секако, тоа беше мој избор и се согласив со тоа, но никогаш не се чувствував овластена од тоа. Никогаш не сум се чувствувала поудобно во своето тело“, рече таа, меѓу другото.

Додаде дека чувствува дека сега е во својот најдобар период. Новото издание на Плејбој ќе биде во продажба од 28 јули.