
Направете си крем со SPF од неколку состојки.
Во текот на летото, на вашата кожа ѝ е потребна дополнителна заштита од сончевите зраци. Ако сте љубител на природна козметика, можете сами да направите крема за сончање или масло дома користејќи состојки на растителна основа кои традиционално се користат поради нивните природни заштитни својства.
Еден популарен рецепт е природен крем за сончање со состојки како масло од морков, масло од пченични никулци и алое вера. Оваа комбинација ја храни и хидрира кожата и може да помогне во нејзината заштита од изложување на сонце.
РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН КРЕМ ЗА СОНЧЕЊЕ SPF 40
Потребни состојки:
· 1/2 чаша гел од алое вера
· 20 капки масло од морков
· 5 лажици масло од пченични никулци
· 1 лажица масло од коноп
· 5 капки масло од лаванда
Измешајте ги сите состојки во чисто шише и добро протресете пред секоја употреба.
Овој крем е ефикасен бидејќи маслото од морков има природен SPF од 38-40, а маслото од пченични никулци има SPF од 20, додека лавандата и алое верата ја смируваат кожата иритирана од сонцето.
Кои масла имаат природен SPF?
Некои растителни масла кои често се користат во природната козметика поради нивниот потенцијален фактор на заштита од сонце се:
· масло од семки од малина – SPF 28–50
· масло од лешник – SPF 10–30
· масло од соја – SPF околу 10
· масло од авокадо – SPF 4–15
· масло од бадем – SPF околу 5
· рицинусово масло – SPF околу 6
Со мешање на различни масла, може да се создаде хранлива смеса за нега на кожата, но за сигурна заштита од UVA и UVB зраци, се препорачуваат дерматолошки тестирани производи со деклариран SPF фактор.