
Истражувањата откриваат едноставен трик за младост.
Многу жени се стремат кон младешки изглед и сакаат да го забават стареењето на својата кожа, а најновите истражувања покажуваат дека едноставен пијалок што речиси сите го имаме дома би можел да игра значајна улога во овој процес. Тоа е чајот.
Научниците од Универзитетот Сечуан во Кина спроведоа студија врз речиси 14.000 жени од Кина и Обединетото Кралство, на возраст од 30 до 79 години. Тие прашаа колку чај пијат дневно, кој вид го претпочитаат (зелен, црн, жолт или улонг) и го анализираа нивниот крвен притисок, холестерол, телесни масти и други индикатори за биолошко стареење.
Резултатите покажаа дека жените кои пиеле околу три чаши чај дневно (што одговара на 6-8 грама листови од чај) имале побавни знаци на стареење во споредба со оние кои не го пиеле редовно.
На полифенолите и антиоксидансите во чајот им се припишува овој ефект. Тие имаат позитивен ефект врз цревната флора, имунитетот, метаболизмот и когнитивната функција, а воедно ја штитат кожата од слободните радикали кои го забрзуваат стареењето.
Интересно е што не е пронајдена значајна разлика помеѓу придобивките од зелениот и црниот чај – и двата се ефикасни. Значи, без разлика кое го претпочитате, три чаши на ден можат да ви помогнат да ја одржите вашата кожа сјајна, свежа и помлада.