
Се најдобро за неа!
Една од најубавите холивудски актерки, Ева Лонгорија (51), повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со фотографии од одморот во Марбеља, Шпанија, каде што ја покажа својата беспрекорна фигура и докажа дека годините се само бројка за неа.
Актерката уживаше на плажа во црвено бикини, кое го надополни со голема шапка, темни очила за сонце и пругаста црвена кошула. Се опушти покрај морето, пливаше и поминуваше време со својот осумгодишен син Сантијаго, со кого изградија песочни замоци.
Red hot! Eva Longoria, 51, sizzles in a cheeky thong bikini in Spain… after ditching the US pic.twitter.com/xlfMJaaK4m
— America Report (@Americareport24) August 4, 2026
Ева Лонгорија неодамна проговори за тоа што за неа значи сексапилот по 50-тата година. Таа нагласи дека привлечноста не зависи од облеката, туку од самодовербата и дека може да се чувствува подеднакво привлечно во тренерка или топол џемпер.
Покрај тоа што го поминува одморот во Шпанија, оваа земја, заедно со Мексико, стана нејзин постојан дом. Актерката се пресели од Соединетите Американски Држави со своето семејство пред две години и сега поголемиот дел од времето го поминува помеѓу овие две земји.