
Доколку барате едноставен, но вкусен ручек, лососот во сос од лимон и путер може да биде идеален избор.
Ова јадење се подготвува за само десет минути и гарантира посебен вкус и ручек што ќе сакате да го подготвувате одново и одново.
Потребни состојки:
четири филети од лосос, сол и бибер по вкус, четири лажици путер, еден свеж лимон, свежо сечкан магдонос
Подготовка:
Исушете ги филетите од лосос со хартиени крпи и зачинете ги со сол и бибер од двете страни. Растопете четири лажици путер во голема тава, оставете го да се загрева околу пет минути, мешајќи повремено додека не добие златно-кафеава боја.
Потоа внимателно ставете ги филетите од лосос во врелиот путер. Пржете три до четири минути од едната страна додека не добијат кора. Свртете ги филетите и пржете ги уште две до три минути од другата страна. Кон крајот на пржењето, додадете ја ренданата кора и сокот од свеж лимон во тавганот.
Сервирајте го јадењето веднаш по подготовката, преливајќи го сосот од тавганот врз филетите од лосос и посипете со сечкан магдонос.