Готови се за миг, а се толку вкусни што ќе се онесвестите: Како да направите лазањи подобри од оние во најдобрите ресторани во Италија

popara25 август, 20262min00
shutterstock_2591001529

Вкусна и сочна лазања која е лесна за подготовка, без многу компликации и долго стоење во кујната.

Состојки:

  • 500 г мелено месо
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 500 мл доматен сос
  • 250–300 г кора за лазањи
  • 500 мл бешамел сос
  • 200–250 г рендано сирење
  • 2 лажици масло
  • сол и црн пипер
  • 1 лажичка оригано
  • малку пиперка

Подготовка:

  1. Пржете го ситно исечканиот кромид во малку масло. Додадете го меленото месо и пржете неколку минути, додека не ја промени бојата.
  2. Додадете го лукот, доматниот сос, ориганото, пиперката, солта и црн пиперот. Гответе околу 10 минути на умерена температура.
  3. Ставете малку сос од месо во тава за печење, потоа кора за лазањи, сос од месо, бешамел и малку рендано сирење. Повторете го процесот додека не ги потрошите состојките.
  4. Завршете со слој кора, бешамел и обилна количина рендано сирење.
  5. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30–35 минути, додека површината не добие златно-кафеава боја.

Оставете ја лазањите да отстојат околу 10 минути пред сервирање за полесно да се сечат.