
Вкусна и сочна лазања која е лесна за подготовка, без многу компликации и долго стоење во кујната.
Состојки:
- 500 г мелено месо
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 500 мл доматен сос
- 250–300 г кора за лазањи
- 500 мл бешамел сос
- 200–250 г рендано сирење
- 2 лажици масло
- сол и црн пипер
- 1 лажичка оригано
- малку пиперка
Подготовка:
- Пржете го ситно исечканиот кромид во малку масло. Додадете го меленото месо и пржете неколку минути, додека не ја промени бојата.
- Додадете го лукот, доматниот сос, ориганото, пиперката, солта и црн пиперот. Гответе околу 10 минути на умерена температура.
- Ставете малку сос од месо во тава за печење, потоа кора за лазањи, сос од месо, бешамел и малку рендано сирење. Повторете го процесот додека не ги потрошите состојките.
- Завршете со слој кора, бешамел и обилна количина рендано сирење.
- Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30–35 минути, додека површината не добие златно-кафеава боја.
Оставете ја лазањите да отстојат околу 10 минути пред сервирање за полесно да се сечат.