
Пилинг за скалп може да го исчисти темето од нечистотии и остатоци од производи, а едноставна верзија со овес можете да направите и дома.
Вашиот скалп може да биде во лоша состојба по летото, особено ако често сте ја миеле косата и сте користеле агресивни производи кои не се исплакнуваат целосно, туку се таложат на темето и ги затнуваат порите.
Како резултат на тоа, косата може да нема чувство на чистота како порано; таа станува помрсна и го губи сјајот, лесноста и волуменот. Пилингот за скалп може да го реши овој проблем преку отстранување на мртвите клетки на кожата и чистење на нечистотиите и остатоците од производите.
Пилинзите ја подобруваат циркулацијата, помагајќи да се ревитализира скалпот оптоварен со првут и вишок себум.
Се препорачува користење на пилинг еднаш или двапати неделно – во зависност од тоа колку често ја миете косата – но не и почесто од тоа, за да се избегне прекумерно сушење на скалпот.
Нанесете го пилингот по миењето со шампон; масирајте го во скалпот со кружни движења околу една или две минути. Потоа, темелно исплакнете ја косата; можете да нанесете и регенератор на врвовите.
Се разбира, можете да купите готов пилинг, но и домашната верзија е подеднакво ефикасна.
Станува збор за пилинг на база на овес.
За да го подготвите, потребни ви се две лажици кафеав шеќер, две лажици мелен овес и две лажици регенератор за коса. Измешајте ги сите состојки додека не добиете паста, масирајте ја во скалпот, а потоа исплакнете со млака вода.