
Ед Ширан изгуби речиси 100.000 следбеници поради тековната контроверзија поврзана со Меклемор.
Меклемор откри дека бил отстранет од турнејата на Ширан, „Loop Tour“, по коментарите што ги дал на сцената како поддршка за Палестина.
Раперот повика на „ослободување на Палестина“ за време на настап на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, на почетокот на септември.
Меклемор се соочи со негативни реакции по неговиот говор и претходно оваа недела потврди дека е отстранет од остатокот на турнејата.
Меклемор изјави дека Роберт Крафт, сопственикот на тимот „New England Patriots“ и на стадионот „Gillette“, му поставил „ултиматум“ на Ширан, што резултирало со негово отстранување од турнејата. Ширан потоа издаде соопштение во кое појасни дека одлуката да се отстрани Меклемор не била негова.
„Одлуката Меклемор повеќе да не учествува на турнејата ја донесе промоторот, а не јас. Договорот на Меклемор за турнејата беше склучен со промоторот, а не со мене. Никогаш не би ги разочарал фановите кои веќе планирале да присуствуваат, ниту пак би ги напуштил екипата на турнејата и другите изведувачи и музичари кои зависат од мене за работа и егзистенција“, рече тој.
Сепак, многу фанови се незадоволни од ситуацијата; податоците од „HypeAuditor“ покажуваат дека Ширан изгубил речиси 100.000 следбеници на Инстаграм откако приказната стана јавна.
Во меѓувреме, многу следбеници ги преплавија неговите објави со коментари како „Слобода за Палестина“ и го критикуваа што не зазел страна. Дополнително, неколку уметници кои требаше да настапат како предгрупи на турнејата на Ширан, се повлекоа од учество.