
Омекнувачот за алишта не само што ја прави облеката помека на допир, туку ѝ дава и пријатен мирис и го намалува гужвањето.
Сепак, иако е одличен за облека, експертите советуваат добро да размислите пред да го користите при перење пешкири.
Тие истакнуваат дека, со текот на времето, омекнувачот може да ги оштети пешкирите бидејќи предизвикува тие да ги задржуваат телесните маснотии и влагата, што создава непријатни проблеми.
„Омекнувачот ги обвиткува памучните влакна на пешкирите со восочен, масен слој чија цел е да ги направи меки. Овој слој се наталожува со текот на времето; иако едно перење можеби нема да ги уништи пешкирите, нивната состојба ќе се влоши со повторната употреба“, наведуваат тие.
Тие додаваат дека наталожениот восок од омекнувачот ја заробува телесната топлина и влагата во пешкирите, што доведува до непријатни мириси и појава на мувла, пренесува Real Simple.
„Пешкирите се дизајнирани да ја впиваат влагата од површините или од телото и да ја задржуваат во своите влакна. За време на перењето, оваа влага – заедно со изумрените клетки на кожата, нечистотијата и слично – се исплакнува. Кога восокот од омекнувачот се наталожува на пешкирите, тој ги заробува влагата, нечистотијата и телесните маснотии во внатрешноста на влакната, што може да доведе до непријатни мириси и појава на мувла“, објаснија тие.
За да ги отстраните наслагите од пешкирите, се препорачува да ги перете на висока температура со една шолја оцет, но без детергент.