
Како бананите влијаат на телото?
Бананата е едно од најпопуларните овошја во целиот свет. Благодарение на нејзиниот сладок вкус, лесната консумација и хранливата вредност, таа често е прв избор за многумина кога станува збор за овошје. Богата е со витамини , минерали и растителни влакна.
Доколку редовно ги вклучувате бананите во вашата исхрана, важно е да знаете како тие влијаат на вашето тело. Нутриционистите ги нагласуваат придобивките од дневната консумација на банани
Тие го намалуваат крвниот притисок.
Бананите се познати по нивната висока содржина на калиум, минерал неопходен за здравјето на срцето и правилната функција на мускулите. Калиумот помага во регулирањето на крвниот притисок и може да го намали ризикот од мозочен удар.
Тие помагаат во варењето на храната.
Благодарение на влакната, особено пектинот, бананите го поттикнуваат редовното празнење на цревата и им помагаат на луѓето кои страдаат од запек. Тие најдобро делуваат кога се консумираат како ужина или десерт по оброк.
Природна енергија
Бананите содржат лесно сварливи јаглехидрати кои брзо обезбедуваат енергија, поради што се идеални за појадок или пред физичка активност.
Го подобрува расположението
Бананите содржат триптофан, аминокиселина што телото ја користи за производство на серотонин, познат како хормон на среќата. Редовната консумација може да придонесе за подобро расположение и намалување на стресот.
Поддршка на имунитетот
Благодарение на витамините Ц и Б6, како и антиоксидансите, бананите можат да придонесат за зајакнување на имунолошкиот систем, особено во сезоната на настинки и вируси.