Ева е без конкуренција една од најсексапилните актерки на сите времиња и се разбира, најпосакувана „очајна домаќинка“. Нема кој не ја сака и не ја смета за совршенство во секој поглед. Но и Ева има маана, а тоа се малите гради. Овој природен недостаток, таа го надополнува со хартиени марамчиња.
Додека се снимала една од епизодите од последната сезона на серијата „Очајни домаќинки“, Лонгорија ги изненадила сите присутни. Сите знаат дека Ева на своја сметка се шали со малите гради, ама никој не ни претпоставувал дека „проблемот“ ќе биде решен на еден ваков иновативен начин.
Во еден момент на снимањето, таа зела неколку хартиени марамици и ги ставила во својот градник за да градниот кош ѝ изгледа визуелно поголем. Секоја чест на снаодливоста Ева, но ние те сакаме каква што си!
One comment
Grne
23 август, 2011 at 16:46
Sestro a da si stavis silikoni, nemoj da glumis ludilo