Кејт спаси глава од пожар на Карибите!

23 август, 20110
Kate Winslet

Лондон – Во тропска бура, вчера утрото, пожар го уништи домот на Ричард Брансон на Карибите. Гостите меѓу кои и актерката Кејт Винслет, за среќа успеале да избегаат неповредени.

Шефот на т.н. Девствената група изјавил дека околу 20 луѓе, меѓу кои и Кејт Винслет и нејзините деца, престојувале во неговата голема куќа со осум спални на Некер, исто така, негов приватен остров на британските Девствени Острови.

Во тоа време, Брансон со своето семејство престојувал на друг имот не многу оддалечен од погоре споменатиот. Тој кажува дека пожарот избил околу 4 часот утрото како последица на грмотевиците и силните ветрови.

Брансон уверува дека сите гости, меѓу кои и неговата 90-годишна мајка и неговата ќерка Холи (29), се на сигурно и без никакви повреди.

Портпаролот на Кејт потврди дека Кејт,  дечко ѝ и двете деца се неповредени.

Куќата е целосно уништена и до касно вечерта пожарот не бил изгасен. Сепак, Брансон планира да ја поправи најскоро што може. Штетата е огромна, па поправките најверојатно ќе потраат подолго време.

„Таму ми беше канцеларијата и имав илјадници слики, тоа што ги изгубив е многу жалосно…“, кажува Брансон.

Инаку, Брансон (60) го купил овој остров во раните 1980-ти и на него има развиено ексклузивен еко-ресорт кој работи по принцип на обновлива енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *