Ноле руши рекорди…ќе биде тенисер со најголема заработувачка во 1 сезона, на сите времиња?!

23 август, 20110
noleRim

Доколку ја освои титулата на претстојниот U.S Open турнир, кој почнува следниот понеделник, најдобриот тенисер на светот ќе стане играч со највисок профит во една сезона во историјата на белиот спорт! Новак Ѓоковиќ во неделата го предаде финалниот дуел против Енди Мареј на Мастерсот во Синсинати, но сепак заработи 243.000 долари.

Новак во 2011 година вкупно има инкасирано повеќе од 8,3 милиони “долари”, и во случај да ја освои главната премија на U.S Open, тогаш неговата заработувачка ќе стане рекордна на годишна основа, иако до крајот на сезоната има уште стотина дена. Рекордот во моментов го држи Шпанецот Рафаел Надал со заработка за една сезона во износ од 10.171.998 долари. Само 41.000 долари помалку има инкасирано Роџер Федерер во 2007 година.

Во оваа сезона, за само 8 месеци, Новак го надминал годишниот приход од турнири на Роже Федерер во 2004, 2005, 2006 година и Надал 2008 година. Како што стојат работите до крајот на сезоната има уште турнири за играње, и речиси е сигурно дека Новак може да го сруши рекордот, а можеби ќе стане и првиот играч кој ја надминал граница од 11 милиони “долари” за една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma