
Рекордната серија на дождливи денови во централно Токио заврши во саботата, по 37 дена со врнежи, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Во саботата не врнеше во јапонскиот главен град, по период во кој комбинираното влијание на тајфун и долготраен есенски фронт со врнежи предизвика рекорден број дождливи денови, пренесува агенцијата Кјодо.
Претходниот рекорд изнесуваше 33 последователни дена со дожд, поставен кон крајот на јуни 2019 година.
Метеоролошката агенција објави дека во источниот дел на Јапонија се забележани најголемо количество врнежи и најмалку сончеви часови за месец септември, откако се води евиденција од 1946 година.