
Дрвото на пари привлекува изобилство.
Кога на дрвото за пари ќе се појави цвет, се верува дека тоа носи богатство и можете да очекувате значително зголемување на приходите. Па, како да ја поттикнете красулата да цвета?
Цветањето обично се јавува од 5-та до 10-та година од животот на растението, а еве ги условите што мора да бидат исполнети за да се појави цветот и да ви донесе финансиска среќа :
* Наводнувајте го умерено еднаш на секои две недели. Премногу вода може да предизвика корените на растението да почнат да скапуваат.
* Важно е да стои на светло место каде што ќе ужива во дневната светлина што е можно подолго, тогаш дрвото ќе има повеќе шанси да цвета.
* Нахранете го растението – можете да ги користите истите ѓубрива како за кактус.
* Како што растението расте , повремено пресадувајте го во нова саксија која не треба да биде премногу длабока.
* Отстранете ги сувите и пожолтени лисја.
Покрај негувањето, треба да се води грижа и за енергетското влијание на дрвото на парите, како што се верува според учењата на фенг шуи. Еве што треба да направите:
* Поставете ја красулата во југоисточниот дел од куќата, кој во фенг шуи се нарекува „агол на богатството“. Се верува дека таа прво ќе го даде својот енергичен придонес за подобар проток на пари во тој дел од домот.
* Се верува дека прашината на листовите го нарушува протокот на пари, затоа редовно бришете ја прашината од нив. Додека го правите ова, кажувајте афирмации за да привлечете богатство.