
Еве како да подготвите сарма зелка за 48 часа.
Ако ви се јаде сарма, но немате кисела зелка , постои едноставен начин да ги подготвите листовите за само два дена. За овој метод не ви се потребни буриња или чекање со недели, туку глава зелка и две состојки што веќе ги имате во вашата кујна.
Прво отстранете ги надворешните листови од зелката, а потоа внимателно ископајте го коренот. Истурете мала шолја оцет и една лажица сол во вдлабнатината. Нежно протресете ја главата за да ги распределите состојките.
Потоа ставете ја зелката во кеса и ставете ја во замрзнувач, каде што треба да отстои 48 часа. По два дена, извадете ја зелката и оставете ја целосно да се одмрзне. Листовите треба да бидат помеки и пофлексибилни, што го олеснува виткањето на сармата.
Ова е скратен пат за омекнување на листовите и маринирање, но не е исто како класичната ферментација на зелка. Оцетот дава кисел вкус, додека замрзнувањето ја менува структурата на зелката.
Но, ќе имате домашна кисела зелка за кратко време!