На Боки 13 му се исполни желбата… За роденден си доби пасош?!?

23 август, 20110
boki-v1

На Боки 13, кој деновиве „чмае“ во Скопје против своја волја, му се исполни роденденската желба. Тој на подарок доби пасош, но не вистински, туку чоколаден!

Бокица наш доживеа огромен стрес кога македонските власти му ги одземаа патните исправи на скопскиот аеродром. Неговите пријатели решиле да го изненадат, па за неговиот 25-ти роденден му донеле торта во облик на пасош.

„Кога моите пријатели се појавија со тортата, буквално „вриштев“ од смеење. Ете, имало и покреативни луѓе од мене“, вели Боки и додава дека кога ги дувнал свеќите посакал да го добие назад вистинскиот пасош бидејќи има премногу работа во Белград. Боки, изгледа дека тебе не ти кажале дека ако желбата не се кажува бидејќи нема да се исполни.

Македонско/српскиот водител откри и дека добил скапоцен ѓердан, а на прашањето дали тоа е поклон од саканата личност, тој само одговорил дека на роденденот била присутна личност која му е многу значајна во животот. Боки се пофали дека во моментот го снима неговиот најдобар албум и дека работи на нови фотосесии и спотови.

Како и да е, торта си е торта, и сигурни сме дека Боки уживал во „пасошот“, па макар и да бил чоколаден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi