
За среќна љубов и стабилен брак, потребни ви се два бамбуса и нивно ставање во една вазна.
Декорирањето на домот е омилена активност за многу жени! Иако дизајнерите на ентериер тврдат дека личниот допир и идеите се клучни за уредување на просторот во кој живееме ние и нашето семејство, фенг шуи дава некои упатства и правила за уредување на домот.
Според толкувањето на фенг шуи, со овие три растенија во вашиот дом ќе привлечете љубов, пари и среќа.
Бамбус
Бамбусот е идеално растение од многу причини. Прво, лесно е да се одржува, а мајсторите на фенг шуи веруваат дека привлекува позитивна енергија.
Извиткана верзија на бамбусово дрво привлекува успех, а за среќна љубов и стабилен брак треба да имате два бамбуса и да ги ставите во една вазна.
За поголем успех и пари во вашиот дом, чувајте и одгледувајте непарен број бамбуси, идеално 3 или 9. Најдобрата позиција за нивно чување и одгледување е од левата страна на куќата, најоддалечена од влезната врата.
Орхидеја
Ова е магичен цвет, кој во фенг шуи се користи за наоѓање нова љубов.
Ако сте осамени, искористете ја магијата на орхидеите и чувајте една во вашата спална соба, идеално на ноќната масичка до креветот.
Златен бршлен
Ова декоративно растение совршено се вклопува во секој дом, а златниот бршлен е совршен за одбивање на негативната енергија.
Мртов агол во куќата или празни полици се идеално место за златен бршлен, кој ја одбива целата негативна енергија од домот и привлекува светлина, истакнуваат мајсторите на фенг шуи.